Откако имаше проблеми со законот, синот на Снежана Ѓуришиќ започна нов живот.
Синот на фолк пејачката Снежана Ѓуришиќ, Марко Гроздановиќ кој со години и задаваше проблеми на пејачката го промени животот од корен.
Сопственикот на еден локал го научил Марко на нов занает, а Снежана е горда на својот син.
Имено, тој меси леб и се разбира околу работа на скара и пекраскиот занает.
„Секој човек греши, па така и јас. Меѓутоа, фала му на Бога имам пријатели кои ми помогнаа да се вратам на вистинскиот пат. Јас не срамам од работата. Чесно заработувам за живот и семејството. Иако многу грешев мајка ми секогаш беше покрај мене. И сега ме советува, поддржува, на неа најмногу и должам. Грешките се тука да се исправат и се надевам дека нема повеќе да бидам во ситуација во која бев. Важно е да идам по прав пат. Животот е еден, нема реприза, јас научив многу со своите грешки и одам напред“, вели Марко за курир.рс
Потсетуваме, во текот на вонредната состојба Марко секојдневно и носеше храна на Лепа Лукиќ.