Радио Милева

Луна Ѓогани оди на операција: „Здравствено не сум добро“

Луна Ѓогани оди на операција: „Здравствено не сум добро“

Луна Ѓогани проговори за своите гинеколошки проблеми за кои се пишуваше изминатите месеци, но и за тоа за кој навива во Задруга 3.

Во реалното шоу, моментално се наоѓа нејзината мајка Анабела, татко и Гаги, како и нејзиното момче Марко.

„Не навивам за никој. Не сакам да бидам на нечија страна. Подобро е да молчам и да потврдувам со глава бидејќи секогаш ќе се најде некој кој ќе ме осуди. Сите тројца ги сакам најмногу на свет, секој на свој начин. Кој и да освои прво место ќе му посакам многу среќа“ вели Луна.

фото: Инстаграм

Во последниот период се пишуваше за здравствената состојба на Луна, а пејачката откри дека гинеколошкиот проблем не е едноставен, па ќе мора на операција.

„Ќе имам интервенција. Ќе биде подобро, но здравствено не сум добра. Ова што го имам не е наивно. Верувам дека се ќе биде добро“ истакна Ѓогани.

To top