Српската фолк пејачка Дара Бубамара деновиве вредно го подготвува својот прв голем солистички концерт во Белград, а на паузите ужива во љубовните моменти со 17 години помладиот кошаркар Немања Безбрадиќ.
Таа не ја исклучува можноста оваа година повторно да заплови во брачните води.
-Мене сега ми е важно како ми е меѓу четири ѕида со таа личност. Важно е дека ми е убаво, а ако се одлучиме на тоа, ќе бидете известени. Јас ништо не планирам, се работам од љубов и емоција, ако се случи. Секогаш велам, никогаш не вели никогаш, можеби оваа година ќе се мажам, можеби ќе родам деца. Ништо не е исклучено. Важно ми е да се сакаме и се да биде позитивно, вели Дара во изјава за Пинк.рс.