Труската актерка Бегузар Корел во месец март стана мајка по вторпат и доби синче кое го носи името Хан. Таа сега е во постпартум период, но воопшто нема грижа околу тоа да го покаже своето тело во оваа фаза.
Таа се гордее со сите стрии и целулитот кои ѝ ги подари мајчинството.
Турската актерка сподели фотографии на кои позира во бикини, четири месеци по раѓањето на второто дете.
View this post on Instagram
37-годишната филмска ѕвезда се пошегува на своја сметка за покачената тежина по бременоста.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/sheherezad-ja-pokaza-sobata-vo-koja-raste-novorodenoto-sinche-han-foto/
Во описот таа напиша порака, која наликува како да е пишувана од страна на таблоид:
„Бергузар Корел беше фотографирана во бикини. Славната актерка привлече внимание со зголемената тежина. Покачените килограми на Бергузар не останаа незабележани. Таа не успеа да се опорави од трудничката тежина. Изненадувачки големо внимание привлече фотографијата од Бергузар поради нејзиниот целулит и зголемената тежина по породувањето.“
Инаку, последната серија која во македонија ја гледавме каде Бергузар и нејзиниот сопруг Халит беа во главна улога, е воената драма „Далеку од дома“.