Со денови главна тема во медиумите е апсењето на српската пејачка Романа Паниќ и нејзиното момче Филип кои ограбувале банкомати во Австралија.
Најтешко е на нејзината мајка Гордана Паниќ која од срам не смее да излезе на улица.
„Не знам што да ви кажам, се уште не ги знам деталите, можеби така е подобро. Романа се уште ни ми се јави, а можеби не смее да ме побара. Многу сум лута на неа, не сум само лута туку и разочарана. Тоа е голем срам. Искрено да ви кажам, не знаев дека од Италија заминала ов Австралија“, вели мајката на Романа за српските медиуми и вели дека ни сама не знае како да помогне на својата ќерка.

„На кој да се јавам за да и помогне, ниту знам некој, ниту знам што да прашам. Мене се уште ми пука главата. По цел ден ми ѕвони телефонот и сите ме прашуваат дали тоа е можно, дали тоа е нашата Романа. Мене ми е многу лошо. Од дома не излегувам бидејќи немам сили да им објаснам на соседите што се случило“, вели мајката на уапсената пејачка.

Потсетуваме, Романа е осудена на една година затвор, а по два месеци ќе може да излезе и да биде на условна слобода, а по завршувањето на казната ќе биде депортирана од Австралија и ќе и биде забранет влез.