Фолк пејачката Адријана Ацевска или попозната како Адријана Кеш, долго време е во шоубизнисот и како искусна во работата, добро си го знае редот дека треба да понуди и мерак за очи, а не само за уши.
Таа не е од оние јавни личности кои постојано бомбардираат со објави на социјалните мрежи, но кога го прави тоа е толку умешно и впечатливо, што го надополнува времето кога не била толку присутна.
Во денешно време, посебно фолк пејачките мора да имаат некој силен атрубут, дали тоа се гради, задник, долги нозе, а убавиот глас дојде време да може ама и не мора да го има ако мајката природа ја надарила или пак ја средил пластичарот.
View this post on Instagram
Адријана, Бог ја далирил и со глас и со природен стас и тоа од раскошен пораскошен.
Во овој период на пандемија кога сите поминуваат повеќе време на социјалните мрежи, Адријана добро знае како да привлече внимание и тоа не мора со нешто ново, туку и со ретро ама добро избрано – фотографија во кадар од птичја перспектива во нејзините бујни гради стегнати во фустанче чиј топ има ултра отворен израз.
А кога нешто е убаво вреди да се види и репризно, нели?