Радио Милева фуфки...

Српскиот пејач Ѓани признава: „Од жена ми се плашам повеќе и од Корона“ (ФОТО)

Српскиот пејач Ѓани признава: „Од жена ми се плашам повеќе и од Корона“ (ФОТО)

Српскиот пејач Радиша Трајковиќ – Ѓани признава дека од сопругата  Слаѓана се плаши повеќе и од корона, затвор и полиција, заедно! Фолкерот вели дека неговата поубава половина муи влеала страв во коски и затоа не размислува да се „швалерисува“ на страна.

„Од Слаѓа  се плашам повеќе и од корона, затвор и полицијата. Таа ми прави што сака! Дури да сакам и само да се дружам со некоја девојка, не смеам,  затоа што жена ми ќе ме убие! Порано ме поврзуваа со многу од нив,  а всушност не ми беше дозволено да бидам со никоја од нив. Никогаш не сум имал секс со други откако сум во брак, дури ни со старлети“ – вели Ѓани и додава дека освен неговата сопруга, само од змии се плаши:

„Не можам да ги гледам ниту на слика! Кога ќе го слушнам зборот „змија“, веднаш ми се качува шеќерот. Јас би завршил во болница од шок, случајно да имам блиска средба со некоја змија.

Во „Амиџи шоу“, фолк пејачот се осврна и на трите месеци што ги помина во куќен притвор заради непочитување на мерките за време на вонредната состојба. На 3-ти април, тој беше затечен од полицијата во кафе барот на еден белградски хотел со сопругата, синот и снаата, кршејќи ја забраната за собирање на повеќе од две лица во затворено.

„Кафето кое го испив во хотелот скапо ме чинеше, но стоечки издржав. Полицајците цело време беа фер кон нас, па не се обидував да ги поткупувам и некако да ја избегнам казната“ – вели Ѓани.

Фото: Инстаграм и Јутјуб принтскрин

To top