Поранешната ТВ водителка и сегашна фитнес инструкторка Снеже Велков, речиси секојдневно го полни својот Инстаграм профил со своите актиновсти.
Таа редовно ги информира следбениците каде е и што прави, а на своите фанови им покажува дека ги почитува мерките за заштита од корона, па кога излегува од дома носи маска.
Снеже кога не е дома е во сала каде вежба со своите девојки од пилатас. Меѓутоа, пред короната таа имаше мала повреда на коленото, па мораше малку да паузира. Но, откако се врати на вежбите, фитнес инструктортката мораше да се паузира поради вирусот или барем да паузира вежбање во сала, па најде алтернатива со вежбање во природа.
Меѓутоа, кога е дома Снеже често времето го поминува во кујна, а на социјалните мрежи знае да се пофали со разни подготвени специјалитети со објаснување #КогаСнежеГотви.
Снеже на социјалните мрежи сега покажа како изгледа нејзината кујна во која приготвува разни видови на јадења. Од приложеното може да се забележи дека во кујната на финтес инструкторката преовладува светло кафеава боја и ги има сите потребни елементи за готвње.
Во описот на објавата, Велков напиша и долга порака, но појасно едно – дека секогаш треба да блескаме.