Промотер

Тања Тас и со Принц е – „Сама“ (ВИДЕО)

Тања Тас и со Принц е – „Сама“ (ВИДЕО)

По неодамнешната визуелизација на петтиот сингл  во низа за темата „Дојди“ од новиот материјал по дебитанскиот албум „Играј” на нејзиниот матичен бенд „Темпера“, нивната пејачка Тања Тас веднаш се појави со нова песна. Овој пат – соло или поточно во соработка со познатиот македонски музичар, композитор и режисер на музички видеоспотови Александар Ристовски – Принц.

Темата оноси наслов „Сама“ и е музичко парче „откинато“ од проектот „Фам фатал“ (Femme Fatale), кој Александар Ристовски – Принц го промовираше минатата година. Принц покрај тоа што е самиот комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот, стои и зад продукцијата и секако реализацијата на самото видео за песната.

Освен тоа, Принц ги свири и гитарите во темата „Сама“ која музички ја опслужува уште и некогашната ритам сексија на триото на Влатко Стефановски, двоецот Дино Милосављевиќ на тапани и Ѓоко Максимовски на бас, а тука е и неговата ќерка Стефанија, која свири клавијатури во лајв парчето, кое е одлично вклопено во средината од песната.

„Violent and funky “ – како што ќе кажат некои од неговите пријатели, меѓу кои и  познатиот водител Димитар Атанасовски: „Перверзно добро… ама па друго и не очекував“.

„Сама“ е прилично еротична песна ако го заслушаш текстот. Тој си завршил за 3 минути, па таа морала сама до крај. Но, изборот на зборови е таков, да не „боде очи“ толку, хахаха… Кај мене кога текстот не делува еротично – тој е, но и обратно. Дружбата со мажите секогаш послабо ми одела и била поформална. Секогаш ми бил здодевен машкиот видокруг на интереси“ – изјави неодамна самиот Александар Ристовски – Принц во интервју за „Женски магазин“.

Вие погледнете го видеото, уште еднаш преслушајте ја „Сама“ и уживајте во дивите гитарски рифови на Принц и нескротливиот, енергичан глас на Тања Тас:

 

 

 

 

To top