Младата кандидатка доживеа пех на сцената.
Јулија Михајловиќ (16) од Белград штом се појави на сцената на Гранд остана без еден чевел.
Меѓутоа, тоа ни најмалку не и пречеше, го соблече и другиот, па го распамети жирито со својот глас.
Ваков пех досега се нема случено на сцената на „Гранд“, а начинот на кој се снајде кандидатката се допадна на публиката која ја награди со силен аплауз.