Промотер

YOVA со „одраз во огледалото“ за насловната тема го најави албумот – „You’re The Mirror“ (ВИДЕО)

YOVA  со „одраз во огледалото“ за насловната тема го најави албумот – „You’re The Mirror“  (ВИДЕО)

Јова Радевска, македонската кантавторка која последниве години живее и твори во Лондон, има нова песна и видеоспот за неа насловен – „You’re The Mirror“.

Во моментов Јова ( Yova) е член на дуото кое го носи нејзиното име, во кое покрај самата самата Јова Радевска, втората половина ја сочинува Марк Вернон (Mark Vernon). Нивната прва песна со наслов „Moondog“ продуцирана со Мартин Мек Дугал и Даниел О’Саливен од групата „Grumbling Furs“, а миксувана е од „Греми“ номинираниот Камерон Граиг (Бјорк, УНКЛ, Ени Ленокс & Џо Страмер), се појави кон крајот на минатата 2019 година.

Дуото YOVA (Јова Радевска и Марк Вернон) во почетокот на 2020  година ја објавија и музиката за својот втор сингл насловен – „Rain“, кој  се појави како пакет со четири верзии на песната, а  беше официјално објавен на 6 март 2020.

Во пакетот беше вклучен и новиот ремикс на електронската легенда Винс Кларк (Erasure, Yazoo, Depeche Mode), ремиксот Ghost, како и инструментална верзија на песната.

Марк Вернон го соединува бас гитаристот Иан Оливер со Роб Елис на тапани и ритмичкиот р’бет на оригиналната ПЈ Харви група снимаат повторно заедно за прв пат од издавањето на првото ЕП на PJ Harvey – “Dress” vo 1991..

Резултатите од овие снимања ќе можат да се чујат на новиот албум на YOVA во 2020 година, кој го најавуваат и со новата, овој пат насловна тема од албумот – „You’re The Mirror“, која како и претходниот сингл, исто така има 4 верзии.

Што се однесува до видеото, него го потпишува режијата на Enya Belak Gupta, а директор на фотографија и човек зад камерата и стедикемот бил  Aadhar Gupta. Видеото го уредиле Victoria Man, Cut+Run LDN, додека за стајлингот на Јова  се погрижиле Trinidad Segura и The Epoch. Шминката ја изработила Karolina Bartnik, а како официјален фотограф на дуото е потпишан Lefteris Parasyris.

Како звучи и изгледа „одразот во огледалото“ за насловната тема „You’re The Mirror“ на Јова Радевска и Марк Вернон од македонско – англиското дуо YOVA, проследете во продолжение.

 

 

 

 

To top