По недела ипол откако се породи, српската поп-пејачка Наташа Беквалац на социјалните мрежи ја објави правта фотографија со својата малечка Катја.
Како да стана некаква пракса првата фотографија со новороденчињата да биде од нивното раченце или стопалце, а овој тренд не го заобиколи ниту мама Ната.
Таа на Инстаграм објави токму ваква фотографија на која во своите дланки го држи малото стопалце на ќеркичката.
Фотографијата за многу кратко време доби многу коментари и лајкови од следбениците. Инаку, Наташа се породи минатата среда со царски рез во една приватна клиника во Белград.