Откако таа и хрватскиот фудбалер решија да не ја кријат својата врска од очите на јавноста, ги гледаме заедно сè почесто!
Катарина Каја Остојиќ во моментов престојува кај своето ново момче, хрватскиот фудбалер Мате Павловиќ и ужива во сончевите денови и морето.
Пејачката веќе неколку дена плови со него и пријатели на хрватското крајбрежје, па редовно ги „чести“ своите следбеници со фотографии и видеа во разни костими за капење и летни фустани.
Најмногу реакции имаше на видеото каде Каја го сними своето згодно тело од сите агли во црвен костим за капење со тоќки, а повремено Матео „влеташе“ во некои видеа.