Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и сопругата Јелена се позитивни на коронавирус, објавија српските медиуми, откако стигнаа резултатите од тестирањето.
Ѓоковиќ, по откажување на финалето на турнирот во Задар откако беше откриено дека бугарскиот тенисер Григор Димитров е заразен со коронавирус, одби да се тестира во Хрватска, па тоа го направи дури откако стигна во Белград, каде што веднаш му беше земен брис за Ковид 19.
На резултатите на кои се чекаше два дена, покажаа дека светскиот рекет број еден е позитивен на коронавирусот, исто како и неговата сопруга Јелена. Резултатите на нивните деца се негативни, но сепак сите ќе мораат да остант во самоизолација.
Веднаш по сознанието дека тој и неговата сопруга се позитивни, Ноле ја даде и првата изјава:
„Сè што направивме во изминатиот месец, го сторивме со чисто срце и искрени намери“ – рече Ѓоковиќ и додаде:
„Исклучително ми е жал за секој поединечен случај на инфекција. Јас ги следам упатствата и изјавите на лекарите и се надевам дека нема да се зголеми бројот на заразени лица. Се надевам дека ничија здравствена состојба нема да се искомплицира и дека сите ќе бидат добри. Јас ќе останам во самоизолација наредните 14 дена, а тестот ќе го повторам за пет дена“ – разимираше Ѓоковиќ.
Фото: Инстаграм принтскрин/ Џокерноле