Кога Вељко Ражнатовиќ откри дека е позитивен на коронавирусот, тој веднаш ги спакува куферите и се раздели од сопругата Богдана и синот неодамна родениот син Жељко.
Тој и неговата мајка Цеца Ражнатовиќ, исто така позитивни на вирусот, се изолираа во семејниот дом на Дедиње и веднаш откако дознаа дека младиот боксер е негативен, а исто и Цеца, тој се врати кај синот и сопругата Богдана.
Вељко сега на Инстаграм објави дека се вратил на своите спортски обврски и го фотографирал погледот од „кампот“ каде ќе ги помине наредните осум недели.
„Мојот дом наредните осум недели. Боксерски живот“, напиша тој ставајќи до знаење дека професијата не смее да трпи, а жртва мора да има.