Познатата фолк пејачка со битолско потекло и охридска адреса на живеење, Татијана Стефановска, како и многуте свои колеги поради пандемијата од коронавирусот остана на подолга пауза од настапите и тоа на непознато до кога.
Татијана сепак не го занемарува својот изглед иако не е на сцена, а како дама која често прави промени и не се плаши од експерименти, овој пат се одлучила од редот на бринети да пременине во впечаливи русокоси.

Таа ја обоила косата во платинесто руса нијанса, а откако ја објави промената на профилите на социјалните мрежи, лајковите и ласкавите коментари не престанаа да се редат.

Иако не е првпат русокоса, току оваа нијанса како да е совршената за неа.
Инаку, Татијана Стефановска во месец март ја објави песната „На свадба ми дојдоа“ и спотот за истата.
Еве го за потсетување: