Радио Милева

Грст честитки од сите страни: Лина Пејовска славеше полнолетство (фото)

Грст честитки од сите страни: Лина Пејовска славеше полнолетство (фото)

Се уште трае пандемијата со коронатавирусот, а  со тоа некако и се уште трае и традицијата родендените да се слават во кругот на најблсиките.

Изминатите три месеци многу од славните во едноставни услови и без големи прослави ги славеа своите датуми на раѓање.

Иако сега се отворија кафулињата, кафаните, рестораните, уште постојат рестриктивни мерки кои треба да се почитуваат доколку сакате да седнете на кафе, ручек….

Македонската пејачка Лина Пејовска вчера имаше убав повод за славење, односно нејзиниот 18ти роденден т.е полнолетство.

Токму по тој повд, Пејовска во својот дом организираше мала забава за најблсикиот круг на пријатели.

На социјалните мрежи Лина објави фотографија на која е облечена во бело – розова комбинација, но ја покажа и роденденската трпеза.

„Доволно возрасна за да знам повеќе. Доволно млада за да продолжам да создавам. Ајде да славиме“, напиша Пејовска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lina (@pejovskalina) on

Со добра музика, добро друштво, убавата забава е загарантирана, а пејачката во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели дел од роденденската атмосфера.

Под објавата се нижеа многу честитки, меѓу кои оние на Тамара Тодевска, Марија од „Ај кју“ и многу други.

Среќен роденден и честито полнолетство!

фото: Принтскрин/инстаграм/линапејовска

To top