Радио Милева

Паднаа тешки зборови меѓу Шерифовиќ и Бекута во „Ѕвездите на Гранд“, па Ана го напушти студиото: „Срам да ти е“

Паднаа тешки зборови меѓу Шерифовиќ и Бекута во „Ѕвездите на Гранд“, па Ана го напушти студиото: „Срам да ти е“

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ жестоко се скараа Марија Шерифовиќ и Ана Бекута.

Имено, тие се скраа околу кандидатките Сања Костиќ и Дијана Чобиќ.

„Сања, првата песна не е за натпреварување и не ми се допаѓа твојата боја на гласот, втората беше подобра. Дијана имаш 16 години и допрва треба да учиш. Силното пеење мораш да го доведеш до некоја нормална јачина бидејќи ми ги „пукна“ ушите“ изјави Ана.

Шерифовиќ истакна дека пеењето било добро и дека кандидатките заслужуваат да одат понатаму, на што се вмеша и Бекута.

фото: Принтскрин/инстаграм

„Зошто ме прозиваш во коментарите, Марија? Преку глава ми е од тебе и твоите коментари“ изјави Ана, а Марија жестоко и одговори.

„Знаеш што е проблемот? Тоа што ти се фолираш. Ние овде се забавуваме и шегуваме, а ти се сфаќаш лично, па се одмаздуваш на следниот пар. Тоа  е навистина подмолно“ викаше Шерифовиќ.

фото: Принтскрин/инстаграм

„Срам да ти е Марија, не треба така да разговараш со мене“ одговори Ана и го напушти студиото за да се смири, но подоцна повторно се врати.

To top