Радио Милева идоломанија или патологија?

Го истетовирал на раката ликот на Јелена Карлеуша: Опседнат или искрено предаден, Ненад е нејзиниот најголем обожавател (ФОТО)

Го истетовирал на раката ликот на Јелена Карлеуша: Опседнат или искрено предаден, Ненад е нејзиниот најголем обожавател (ФОТО)

Контроверзната српска пејачка Јелена Карлеуша има илјадници обожаватели, но Ненад Младеновиќ (25) од Осниќ кај Бољевац е веројатно нејзиниот најголем фан.

Тој има истетовирана слика со ликот на Карлеуша на подлактицата, а исто така ги истетовирал и нејзините стихови: „И не е важно што велат луѓето, туку што чувствувам во себе“.

 

Во неговата соба има постер на својата хероина на целиот ѕид, а ужива и да прави заштитни маски за мобилни телефони со ликот на неговиот пејачки идол.

 

„Таа е уникатна, неповторлива, светска sвезда во вистинска смисла на зборот. Нејзиниот лик, борбениот дух, чесноста се она што ме фасцинира. Јас тетоважата ја направив во ноември минатата година. Повеќето мои пријатели ме поддржуваа, некои не, но секој си има свој живот. Секогаш кога ми е тешко, кога скоро ќе паднам на дното, се сеќавам дека носам портрет на хероина. Таа е моја инспирација, идол. Уште кога прв пат ја слушнав, уште од првата година од средното училиште, ја  почитувам и ценам како Јелена, како најголемо нешто што може да постои кај една личност“ – вели Ненад, кој работи како медицински техничар во Специјалната болница за рехабилитација „Гамзиград“.

Тој вели дека сите нејзини песни  се врвни, неповторливи, но сепак ја издвојува „Кој ја режира оваа драма“, затоа што вели дека песната како да е негова, биографска. Сите негови плејлисти се составени само од нејзините песни. Што се однесува до нејзиниот физички изглед, нему кај Карлеуша најмногу му се допаѓаат очите и косата.

„Не сме се сретнале, но се надевам дека ќе успам да ја запознаам. Желба ми е да го истетовирам нејзиниот автограм. Ја слушав во живо во Зајечар и Неготин. Харизматична, силна, со уникатен стил, единствена личност на нашата естрадна сцена. Таа е лавица и во хороскоп и во животот. Самиот чин на тетовирање траеше цели седум часа и никогаш во животот нема да жалам за мојата тетоважа“ – вели Ненад.

Тој додава дека би сакал да најде девојка која би ја имала душа и карактер, па  ако може и да наликува на Јелена Карлеуша.

.

To top