Вељко Ражнатовиќ откако потврди дека е негативен на корона веднаш замина во Тител каде што се наоѓа неговата сопруга Богдана со синот Жељко Ражнатовиќ.
Имено, Вељко објави видео додека се возеа по дожд, а лицето и облеката им се извалкани со кал.
Двајцата покажаа колку се среќни што повторно се заедно, а Богдана блеска две недели по породувањето.
Потсетуваме, Вељко и Богдана на 3 јуни првпат станаа родители на синот Жељко. По тој повод тие направија забава на Дедиње и во Тител, а откако се дозна дека Вељко и Цеца се позитивни на корона тие беа во изолација во нивниот дом.