Турскиот актер Бариш Ардуч кој многумина го препознаваат по улогата во серијата која го прослави, „Вљубениот ерген“, на Инсатграм објави фотографија која ги изненади обожавателките.
Имено, Бариш во време на пандемија најголемиот дел го минува дома, почитувајќи ги мерките на претпазливост, а токму оттука тој пушти и подолга коса.
-Знам дека е предолга. Здраво!- пишува Бариш во описот на фотографијата од која за првпат видовме дека тој има кадрава коса.
Но во коментарите, армијата обожавателки пишуваат дека тој е убав во секакво издание.