Александра Пријовиќ започнува со часови по глума заради улогата во новата серија „Пејачка“, која зборува за животот и смртта на нејзината колешка Јелена Марјановиќ, а која ја потпишува режисерот Предраг Гага Антонијевиќ. Со оглед на тоа што станува збор за високобуџетен проект, Антонијевиќ ветил дека ќе и обезбеди на Пријовиќ најдобар професор кој ќе ја обучи за оваа улога на најлесниот и најбрзиот начин, а тоа најверојатно ќе биде некој професионален актер.
Ако снаата на Боба Живојиновиќ ја прифати улогата, затоа што таа сè уште се двоуми поради емотивната реакција на ужасната судбина што ја снајде нејзината колешка, која беше убиена на 2 април 2016 година на насипот во Борча, таа ќе посетува часови по глума.
До душа Прија веќе се испроба како актерка во серијалот „Убијците на на мојот татко“, каде што играше пејачка, лик по име Мила. Но, таму таа имаше епизодна улога и не земаше часови за глума, па многу експерти го окарактеризираа нејзиното појавување во серијата како лаичко и незабележително.
Сепак, во серијата „Пејачка“, таа ќе ја има главната улога и ќе мора да ги совлада сите техники на актерската вештина.