Пејачката Цеца Ражнатовиќ неодамна наполни 47 години, стана баба пред околу десетина дена, а пред само осум дена дозна дека е позитивна на коронавурусот.
Нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ исто така се покажа дека е беше позитивен, но вчера тој на социјалните мрежи откри дека новите резултати од тестот покажале дека тој е негативен „и дека луѓето повеќе не треба да бегаат од него“.
Сега и Цеца Ражнатовиќ помина повторно тестирање.
„Светлана Ражнатовиќ во понеделникот изврши контролен тест, по совет на доктор. Утрово пристигнаа резултатите дека таа била негативна на Ковид 19“, изјави за „Курир.р“ менаџерот на Цеца.
Очигледно Ражнатовиќ лесно поминаа со вирусот, уште откако дознаа дека се инфицирани, тие немаа никакви симптоми, а негативните ралултати се покажаа по осум дена.