Пејачката Милица Павловиќ сношти направи општ хаос во емисијата „Амиџи шоу“.
Имено, пејачката беше највена како една од гостите, а таа никако да се појави.
Огнен бил известен дека Милица ќе доцни, но Павловиќ никако да се појави во студиото, а на водителот не му беше сеедно бидејќи мислеше дека пејачката ќе го извиси и нема да дојде.
Меѓутоа, точно во 12 часот, Милица во студиото се појави со роденденска торта и трубачи, а на Огнен му отпеја роденденска песна.
Амиџиќ денес полни 45 години, а гестот на Милица го остави без зборови.
Гостите заедно со трубачите одлично се забавуваа во студиото.
Освен торта и трубачи, Павловиќ имаше и посебен подарок за водителот. Имено, станува збор за играчка автомобил бидејќи водителот е колекционер на такви работи.
Како Павловиќ го изненади Амиџиќ погледнете во видеото подолу.