Радио Милева прија како јелена?

Се снима серија за ѕверски убиената пејачка Јелена Марјановиќ: Прија се мисли дали да ја прифати главната улога – стравува од нејзината судбина (ФОТО)

Се снима серија за ѕверски убиената пејачка Јелена Марјановиќ: Прија се мисли дали да ја прифати главната улога – стравува од нејзината судбина (ФОТО)

Александра Пријовиќ е една од пејачките од сцената која би можела да ја добие главната улога во серијалот „Пејачка“ во режија на Предраг Гага Антонијевиќ. Серијата е инспирирана и посветена на фолк пејачката Јелена Марјановиќ, која беше брутално сверски убиена на 2 април 2016 година на насипот во Борча. Премиерата на серијата инспирирана од овој настан најверојатно ќе се случи на есен 2020 година.

Како што се дознава, снаатa на Брена била на кастингот за овој проект, но не е сигурна дали е ментално подготвена за таква улога. Александра им се доверила на пријателите и им рекла дека е психички тешко таа да издржи откако ќе влезе во ликот на колешката која беше брутално убиена, а нејзиното дете остана без мајка.

Пријовиќ е добро запознаена со сите детали поврзани со серијата, па тешко и паѓа судбината што ја доживеала нејзината колешка, иако лично не ја познаваше. Не дека таа не сака да ја игра и ја одбива улогата, но не може емотивно да ја издржи трагедијата што и ’се случила. Сè уште не е сигурна дали  ќе се согласи или не со условите што режисерот ги бара од неа.

Серијата уште сега предизвикува голем интерес, но режисерот не сака да ја открие актерската екипа.

„Работиме на „Пејачка“. Тоа е трагичен настан што ја окупира целата нација. Тоа е серија која за прв пат ќе влезе во тој жанр на нашите простори. Ќе го истражуваме полето на црната магија, парапсихологијата, маѓепсничките, белатате и црната магија. Ќе се обидеме да откриеме што се случило на насипот. Тоа е многу голем предизвик и веќе имаме интерес во странство за серијата. Ќе го донесеме нашиот иследник од Америка, мора да влеземе во целата истрага. Мислам дека е тема што ќе продолжи да нè окупира и што сме подалеку од настанот, подалеку сме и од вистината. Ќе има многу документарно присуство, доминантна тема ќе биде магијата. Учествуваат многу луѓе од естрадата“ – изјави режисерот Антонијевиќ за медиумите.

Да потсетиме дека сопругот на пејачката  Зоран Марјановиќ е осомничен за убиството на Јелена, против кого повеќе пати е е подигнато и обвинение, а судењето е во тек.

To top