Радио Милева судбина

Од лошо-полошо: Љубовниот живот на турската актерка која важеше за исчезната по земјотресот е како сценарио од сериите во кои глуми

Од лошо-полошо: Љубовниот живот на турската актерка која важеше за исчезната по земјотресот е како сценарио од сериите во кои глуми

Турската актерка Џансу Дере за која деновиве се пишуваше и стравуваше дека е исчезната по земјотресот, а потоа беше најдена жива и здрава, претходно често беше тема во таблоидите поради својот бурен љубовен живот.

Речиси да не постои партнер во сериите со кого не глумеше, а да не ја поврзуваа, а таа пред пет години доживеа голем емотивен пораз.

Тогашното момче Џем Јилмаз(41) се ожени со нејзината најдобра пријателка.

Раскинувањето ја донесе до голема депресија, а некогашниот партнер после тоа побара и втора шанса од популарната актерка, која не ја доби.

Многу контроверзии ја следеа убавата Џансу, па пред неколку години беше под инспекторска контрола, бидејќи постоеше сомнеж дека од главниот актер на „Езел“ купува таблети против анксиозност и депресија, за да го преживее љубовниот бродолом.

-Безброј пати се разочарав во љубовта и затоа повеќе ништо не планирам. Сега само се препуштам и се надевам на најдоброто, вели Џансу.

Инаку, убавата Турчинка е родена 1980 година во Анкара, нејзиниот татко е трговец, а мајка и наставничка. Како тинејџерка сакала да се занимава со балет и танц, но била превисока, па почнала со манекенство со кое долго се занимаваше.

Важи за најубавата, но и за најплатената турка актерка која по една епизода од серија добива по 30 илјади евра.

фото:Instagram/cansudere

To top