Цеца Ражнатовиќ (47) вели дека нејзиниот внук Жељко е најубавиот роденденски подарок за неа! Најголемата фолк sвезда во регионот го одбележа овој важен датум вчера, недела, 14 јуни, 20202, во нејзината вила во Белград, изолирана од сите затоа што во моментов е позитивна на Ковид-19.
Со Цеца беше само нејзиниот син Вељко, кој исто така е заразен со коронавирусот. Без оглед на тоа што е одвоена од нејзината ќерка Анастасија, сестра и Лидија и внукот, пејачката истакнува дека нејзиното срце е полно затоа што нејзиниот најубав роденденски подарок пристигнал 12 дена порано.
„Во претходниот период имав две животни причини за среќа. Свадбата на мојот син Вељко, а потоа и раѓањето на неговиот син и мој внук Жељко. Најубавиот подарок за овој роденден го примив од мојата убавина, снаата Богдана, која ми даруваше внуче“ – изјави Цецаи додаде дека кога ќе погледне зад себе, има многу причини да биде задоволна:
„Ако ги поделам сите успеси со бројот на моите години, би рекла: „Боже, ти благодарам за сè“. Живееме во периоди кога успехот не е само пари, кариера, туку и здравје, семејство, долгорочни пријателства. Фала му на Бога, на 47 години го имам сето тоа. Затоа и не жалам што го славам овој роденден под маска“ – истакнува фолк пејачката.
Додека е затворен во карантин, Цеца вредно прави планови за иднината.
„Планирав одличен албум и голем концерт за себе оваа година. Ќе бидам среќна ако израдувам многу други луѓе со овој потег. Короната нè научи да живееме во сегашноста и да посакуваме подобра иднина“ – вели фолк ѕвездата.
Таа исто така срамежливо ја спомна и љубовта, по која толку долго копнее.
„Секако дека е време за нова љубов и тоа нема никаква врска со возраста. Многу е важно да знаеме што прогласуваме за љубов, а кога ја имаме, тогаш мора да се обидеме да ја сочуваме“ – вели Цеца.
Фото: Марко Ѓоковиќ/ Инстаграм принтскрин