Радио Милева носталгични спомени

Сеќавања… Лила објави никогаш видена фотографија од своите родители (фото)

Сеќавања… Лила објави никогаш видена фотографија од своите родители (фото)

Откако започна пандемијата со коронавирус, како и повеќето Лила најголемиот дел од времето остана дома почитувајќи ги мерките за заштита од вирусот.

Таа живее во општина Чаир каде има голем број на заболени, па од таа причина е уште попретпазлива.

Веруваме дека она што најмногу и недостасува, се снимањата на квизоот „Се или нешто“ кој неговите учесници и ТВ гледачите не би сакале да остане без крај на оваа сезона.  Лила секогаш има и дополнителна работа, а тоа пред се е инфлуенсерството во кое е особено успшна.

Но кога е дома, секогаш е во друштво на нејзиното милениче, мачорот Рагнар кој доста често го објавува на својот профил на Инсатграм.

фото:лила филиповска/инстаграм/принтскрин

За промена, Лила реши да објави и една никогаш видена ретро фотографија од нејзините родители.

„Сеќавања… Мама и тато“ – напиша Лила во описот.

фото:лила филиповска/инстаграм/принтскрин

Кога се нејзините родители во прашање, Лила ретко зборува за нив, но неодамна во едно изтервју за „Женски магазин“прозборе за загубата на татка си, и за што и забележувал.

„Беше среќен кога обожавателите ќе ме застанат на улица да ме гушнат и да се сликаат. Единственото нешто за кое ми забележа се моите два развода. Немаше конзервативни сфаќања, туку едноставно сакаше да се заштитам себе си. Во секој случај беше моја голема поддршка. Тој беше онаа машка фигура која одигра важна улога во растењето на син ми Филип. Имаше огромно влијание во тој дел, за многу мои ситуации имаше разбирање и решение“ – откри тогаш водителката.

To top