Продуцентот и водителот на „Никогаш не е доцна“ не се појави на последното снимање на емисијата.
Имено, како што пишуват медиумите тој не се појавил бидејќи ги чека резултатите од коронавирусот.
„Секако дека не се појавив бидејќи ги чекам резултатите од PCR тестот. Го направив тестирањето преку крв и на тој тест бев негативен. Го чекам другиот тест, па да не ја загрозувам безбедноста на другите не се појавив на снимањето“ изјави Жика.
Потсетување, откако беше потврдено дека Цеца и Вељко се позитивни на корона, сите гости кои беа кај нив на забавата по повод раѓањето на Жељко се тестираат на корона, а меѓу нив и Жељко.