Иако има и неколку други професии, како танчерка, фото модел, менаџер за продажба… сепак Ани Георгиева е најпозната како стриптизета која настапува под уметничкото име Црна Мачка… Една од ретките Македонки која јавно, со име и презиме ја прифати „скокотливата“ професија, од која многу други јавно бегаат, а кришум би во истата да уживаат.
Но најпознатата македонска стриптизета не застана само на овие нејзини занимања. Црна Мачка и пропеа! Ани покрај споменатите, добро познати и проверени, реши јавно да ги покаже и останатите квалитети! Имено, таа се расположи, па ги презентираше и своите вокални можности… И тоа јавно, пред камера!
Црна Мачка во добро и одбрано друштво, во еден од елитните скопски локали по се изгледа ја погоди песната или поточни нејзините стихови, па јавно запеа: „Иде маца око тебе, пази да те не огребе…“ – нормално погодувате, во прашање е Карлеуша! Нашата секси бринета до душа не го грабна микрофонот, освен ако не се смета оној на мобилниот, а ама затоа во „караоке“ стил ја симна српската поп-фолк дива. Црна Мачка ништо помалку атрактивна во изгледот, а за вокалните квалитети… нека суди публиката!
Па, ако некому од тоа композиторите и продуцентите на нашава естрада му фати уво да ја слушне, како што на сите им фаќа око да ја гледаат… Новата ѕвезда е родена!
Од нас е само да и дадеме можност самата да се лансира во естраднатата орбита, а патем и со песна да им го честита(ме) 8-ми Март на припадничките на понежниот пол, потсетувајќи ги оние од посилниот, дека жената се сака, цени и почитува секој ден, колку и денес.
Па дури и тогаш, кога… „Иде Маца покрај тебе, пази да не те изгребе…“!