Maкедонската пејачка и учесничка Елена Миленковска на 3 јуни за првпат се реализираше во улогата на мајка и на свет го донесе синот Максим.
Елена и нејзиниот сопруг Гуте Маринковиќ се запознаа во музичкото шоу, а по неколку месечна врска се верија и на почетокот на годината официјално запливаа во брачните води.
Тие не се резервирани кога станува збор за нивниот приватен живот, па често на социјалните мрежи ги известуваат фановите за новите случувања.
Така и во текот на целата бременост, Елена се фотографираше, објавуваше нови детали, го откри полот на бебето, а и првата фотографија со синот.
Гордиот и среќен татко сега на социјалните мрежи се пофали како ќе изгледа собата на Маским во која преовладува сината боја.
Гуте сподели и фотографија со својот наследник.
Потсетуваме, Елена и Гуте беа под ментроство на Ана Бекута, а оваа година Миленковска ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ поради бременоста.