Српската пејачка Јана Тодоровска се најде во центарот на вниманието кога во јавност испливаа детали дека поседува вила која вреди милиони.
Сега српските медиуми отидоа чекор понатаму и „чепнаа“ по богатото потекло на сопругот на Јана со кој е во брак од 1995 година.
Имено, пејачката е снаа на Свето Тодоровиќ кој има империја во Минхен и Белград. Неговите автомобили, возни паркови, катови со облека наликуваат на трговски центар бидејќи неговата почината сопруга сакаше секогаш да изгледа отмено.
На нивната свадба присуствуваа најпознатите и најугледните светски бизнисмени и медиумски личности. Но, Јана никогаш не зборуваше за тоа во јавност.
Нејзината свекрва, мајка на нејзиниот сопруг Иван, во Минхен има ланец од козметички салони.
Јана не се интеренсира многу богатството на свекорот кој сакаше таа да престане да пее и ужива во се што тој поседува.