Радио Милева

(ФОТО) Марија Шерифовиќ пристигна во Македонија: Застана на семафори и почна да снима – еве што си купи од Скопје!

(ФОТО) Марија Шерифовиќ пристигна во Македонија: Застана на семафори и почна да снима – еве што си купи од Скопје!

Српската поп-пејачка Марија Шерифовиќ на 17-ти март ќе го одржи својот прв концерт во Скопје.

По тој повод во главниот град дојде за да направи добра промоција на настанот, па за таа цел гостуваше во живо во утринската емисија на Канал 5 телевизија.

Откако заврши со гостувањето, таа реши да се прошета низ Скопје, но со автомобил.

Како што е нејзината секојдневна пракса, така и сега, го вклучи мобилниот и почна да ги снима скопските улици.

Кога застана на семафори, и се приближи еден од учичните продавачи на автомобилски аксесоари, а таа не го одби, па си купи миризливи елки.

Колку време ќе остане во Скопје  и што друго ќе им прикаже на своите Инстаграм следбеници од Скопје, останува да видиме…

 

To top