Таа е онаа која не носи 9 месеци во утробата, не раѓа, го слуша нашиот прв плач…таа е она која не чува, не сака, не мисли, ни посакува најдобро….таа е нашиот најдобар пријател…таа ни ги дава најдобрите совети…таа е тука и во добро и во лошо…таа е тука да не гушне, да ни укаже на грешките….таа е тука….секогаш и засекогаш….таа е една и единствена….МАЈКА.
Деновиве Ања Ветерова на својот „Инстаграм“ објави фотографија од нејзината мајка и посвети емотивна порака.
„Ти и само ти. Ти си мојата слабост и мојата сила истовремено. Нема ништо поважно од тебе на оваа планета. Никогаш нема да можам доволно да ти се заблагодарам за твојата безусловна љубов и поддршка. Мамо, ти благодарам тоа што си. Tи благодарам што ми ја подари убавината ( би сакала да ги имам твоите зелени очи). Ти благодарам за гените. Ти благодарам за твојата пожртвуваност и посветеност. Ти благодарам за секоја лекција. Ти благодарам што ми се јавуваш и за грижата. Ти благодарам што се грижиш за мојата безбедност. Ти благодарам за секоја секунда во овие 20 години. Те сакам со секој дел од мене. Никогаш не можев да замислам да имам подобар модел од тебе. Ако имам шанса да живеам повторно, знај дека ќе те одберам поново и поново….затоа што Ања без тебе е ништо. Те сакам мамичке“, напиша во описот на фотографијата каде што позира со мајка си.
Инаку, Ања е на релација Македонија – САД односно Бостон каде што студира на престижната музичка академија Беркли.