Анабела Атијас не престанува да истакнува дека го издржалува поранешниот сопруг Гаги Ѓогани, дури и во моментите кога семејството и свртело грб.
Сестрата на Ѓогани, Наѓа тврди дека тоа не е точно.
Наѓа истакна дека со години финансиски и помагала на Анабела и дека ја чувала нејзината ќерка Луна.
Исто така, таа потенцираше дека не се плаши од тужбата која Атијас ја најави во „Задруга“.
„Ја издржував Анабела четири години. Во почетокот на нејзиниот брак со Гаги живеевме сите заедно, а малата Луна ни ја оставаа на чување. Тоа што зборува дека не издржувала е потполна лага. Зошто сега страда за нашето презиме, ако и било лошо со нас? Имам право да ја кажам вистината за мајчинството на Анабела. Луна ми е внука, ја чував седум години, Анабела ни денар не ми даде за тоа. Јас сама финансирав. Таа никогаш не даде нешто за семејството. И денес е таква, тоа може да го потврди било кој во нејзиниот дом“, вели тетката на Луна.
Како што тврди, сите се почитуваат во семејството Ѓогани, па затоа Гаги се лути кога ќе се спомнат неговите браќа и сестри.
„Анабела страда за нешто презиме бидејќи и донесе успех. Се прави жртва за да стигне до висок пласман, додека Гаги сака да ме заштити мене и Џоле“ вели Наѓа и додава:
„Таа е монструм од мајка и се што гледате во „Задруга“ се случува и надвор“. Нејзиниот однос со Луна во реалното шоу е ист како и надвор“, открива Наѓа.