Радио Милева

Џенифер Анистон гола во борба против коронавирус (фото)

Џенифер Анистон гола во борба против коронавирус (фото)

Портретите на Леонардо ди Каприо, Били Ајлиш, Др. Дре и Снуп Дог и многу други се продадени на добротворна аукција во борба против коронавирусот кој го парализира светот.

Меѓу 25-те потрети на славни личности направени од фотографот Марк Селиџер, се најде и оној на Џенифер Анистон каде позира гола.

фото:марк селиџер/инстаграм/џенифер анистон

Актерката се здружила со својот долгогодишен пријател за продажба на фотографија на добротворна аукција, која предизвика воодушевување кај нејзините обожаватели.

Станува збор за црно-бел портрет од 1995 година, а Анистон на истиот позира целосно гола, но со доза на елеганција и префинетост и не ги открива интимните делови.

Веста за аукцијата ја објавила на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

“Мојот драг пријател Марк Селиџер одлучи да даде на аукција 25 портрети кои ги направил, вклучувајќи го и мојот. Целиот износ од продажбата ќе биде дониран на клиниката “NAF”, организација која се бори против коронавирусот. Му благодарам на Марк што овозможи да бидам дел од ова”, напишала Џенифер во објавата.

To top