Македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска и нејзиниот сопруг Гуте Маринковиќ за првпат се реализираа во улогата на родители.
Елена и Гуте станаа родители на нивното прво дете, односно синот за кој го одбраа синот Максим.
Среќниот и гордиот татко прв на социјалните мрежи ги сподели радосните вести за пристигнување на новиот член на семејството.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/na-ist-den-kako-i-snaata-na-ceca-se-porodi-i-elena-milenkovska-dobredoje-maksim/
Неколку часа по породување, Елена исто така се огласи и на својот „Инстаграм“ ја објави првата фотографија со синот, а во описот напиша:
„Хеј, свете, дали ме слушаш? Мојата среќа е поголема од небото. Синоќа на свет дојде нашето мало чудо кое има 3.770 кг. Благодарна сум на Бога што имам прилика да почувствувам толку голема љубов и што се остварив како мајка.
Благодарна сум на тебе Максиме што вчера заедно се боревме да се што побрзо видиме и гушнеме. Беше магично. Момент кој ќе го паметам засекогаш. Благодарна сум на мојот сопруг, мојот најдобар пријател и поддршка. Ти благодарам што ми го подари најдобриот подарок бидејќи Максим е круна на нашата љубов. Многу ве сакам семејство мое и едвај чекам да дојда дома и да не се спојат мирисите“.
За потсетување, Елена и Гуте се запознаа во „Ѕвездите на Гранд“, а на почетокот на година официјално запливаа во брачните води.
Честитки, да е жив и здрав синот!