Ким Кардашијан и Канје Вест на поранешниот телохранител се заканиле со тужба поради фактот дека јавно изнесувал детали за нивниот приватен живот.
Имено, двајцата тврдат дека Стив Станулис изнел лажни информации за нив, а со тоа го прекршил и договорот за доверливост на информации кој го потпишал пред да почне да работи со раперот.
Тој вели дека Ким и Канје даваат бедни бакшиши, но и тоа дека тие се едни од најомразните клиени со кои соработувал. Брачниот пар се закани со тужба доколку повторно во јавност зборува за нивниот приватен живот.