Една од нашите најубави и најпознати дами на ТВ екраните со неколкудецениски стаж, Татјна Стојановска, се присети на едни поминати и веќе далечни времиња кога читателите и гледачите, преку двевниот весник „Вечер“ ги избираа своите омилени телевизиски ликови.
Во 1999, 2000 и 2001 година таа беше неприкосновениот избор. Нејзините почетоци во Македонската телевизија беа во 1993 година, а веќе во 1999 го доби признанието за најпопуларно ТВ лице, следната година беше презентерка на годината, а исто така и во 2001 беше изборот на читателите за најдобра спикерка.
Од денешна перспектива за тие времиња Татјана вели:
-Убави времиња со вистински вредности,горди на своите успеси кои не мотивираа да бидеме подобри во професијата. Среќна сум што ги доживеав тие времиња, пишува Стојановска во еден од коментарите кои ги доби за објавата.