Девојката на српскиот фудбалер Лука Јовиќ изгледа фантастично иако е во третиот месец од бременоста. Таа едноставно блеска и на голема радост на своите следбеници, продолжува редовно да објавува предизвикувачки фотографии на социјалните мрежи. Така, на нејзиниот Инстаграм најпрвин осамна колаж од скокотливи фотографии со сите лица на сексапилната трудница.
Нејзините последни постови на Инстаграм се прилично провокативни. Софија најпрвин само по долна облека иако трудна, го покажа своето одлично тело – секси поза, која кај фудбалерот сигурно ќе побуди нервоза.
Потоа и во високи потпетици, краток фустан со длабок шлиц и нејзините совршени долги разголени нозе во преден план.
Интересно е што Софија на фотографијата седи на подот, па поединци во коментарите се пошегуваа дека премногу време поминува гола, предупредувајќи ја манекенката да внимава на јајниците.
Да потсетиме, Софија Милошевиќ и фудбалерот на Реал, Лука Јовиќ веќе подолго време се во љубовна врска и во моментов очекуваат бебе.