Турскиот актер Бурак Озчивит минува низ многу тешки денови во својот живот.
Имено, тој е загрижен за здравјето на својот татко кој не е во добра здравствена состојба.
Таткото на туркиот убавец неодамна беше опериран, а од зафатот е избегнат мозочен удар и му е спасен животот.
Бурак оттогаш секој момент го минува заедно со семејството и татка си. Здравтвената состојба на татко му многу го загрижува, иако лекарите го уверуваат дека се ќе биде во ред.
Сепак, семејството е силно и се држи еден до друг, па покрај Бурак постојано се неговата мајка и сопругата Фахрие.