Радио Милева креативна и инспиративна

Ива Спасовска ја претстави новата колекција бикини, а дамата што ги презентира – фасцинира: Секси инструкторката во ултрасекси моделите на креаторката (ФОТО)

Ива Спасовска ја претстави новата колекција бикини, а дамата што ги презентира – фасцинира: Секси инструкторката во ултрасекси моделите на креаторката (ФОТО)

Колку и да сме оптоварени и измалтретирани, уплашени и загрижени заради чумата на 21-виот век, корона пандемијата не може да ни ги замрачи и поремети сите планови и сништа. Летото е на прагот, сончеви денови имаме се’ повеќе, па логично е некако во овој период од годината мислите да ни одат кон езеро, море, годишните одмори…

Додека траеше изолацијата, младата модна креаторка Ива Спасовска и во карантиинот беше вредна и креативна, па очигледно времето не го трошела попусто само на гледање филмови и серии или „киснење“ на Интернет и социјалните мрежи, туку и вредно работела, па  успеала својата имагинација и талент да ги претвори во нешто конкретно што се нарекува нова колекција!

 

View this post on Instagram

 

Ива Спасовска Атеље го отворив на 12.12.2012-та година. Вака изгледаше моето атеље од 2012-та до 2017-та година. Таа бајковита приказна трае сеуште, но како јас созревам така се менуваат и боите во мојата приказна, сега во поинаков амбиент со бел софистициран изглед и црно кристално лого… Понекогаш ми фалат тие благо розеникави тонови и бајковити детали.. Овие фотографии го одсликуваат моето вистинско јас, мојата душа, мојата имагинација која од сон си ја претворувам во јаве. Затоа мили мои со ова јас сум тука да те ве поттикнам, покажам и охрабрам дека секој еден детски сон можете да го изреализирате и од него и со него да живеете, јас можев и вие можете, само силно посакајте♥️ Ве сака Ива♥️

A post shared by I V A S P A S O V S K A (@ivaspasovska_) on

Овој пат во прашање се женски бикини за на плажа. Модерни, уникатни, ултрасекси… Она што е последна мода, што не е само крпче облека на голто тело додека се сончаш или пливаш, туку модерно парче кое  во исто време ги истакнува и телесните атрибути на онаа која ги носи.

За да се презентира и промовира ваква храбра ултрасекси колекција бикини, потребни се исто такви модели… Или барем еден, а креаторката добитната комбинација ја нашла во фитнес инструкторката и тренер, а воедно и македонска велнес фитнес шампионка, Кристина Неделковска.

Моделите од новата колекција бикини на Ива Спасовска навистина совршено и прилегаат, а како и не би, кога русокосата убавица има „тело за медал“ и атрибути за насловница на „Плејбој“!

Атрактивна, згодна, привлечна, стројна… Кристина фасцинира во бикините што ги презентира. Едноставно, секси инструкторката во ултрасекси моделите на креаторката изгледа светски.

А и колекцијата е прилично храбро дизајнирана, па нуди отворена можност моделот да ги покаже сите свои телесни атрибути, сета своја раскош, а нагласената еротска компонента која новите парчиња на Ива ја прават така дива, мистична и загадочна, а сепак толку секси и привлечна!

Од друга страна, со својот изглед, персоналниот тренер од фитнес клубот „Атлета“ е доволно инспиративна да направи парчињата од новата колекција на креативната Ива Спасовска да доживеат и комерцијален успех.

Па кога ќе посакате нов костим за капење за себе ако сте дама, или секси, а сепак практичен подарок за вашата поубава половина, сетете се на Кристина… И на тоа, колку секси на фитнес инструкторката и стојат бикините од новата колекција на креаторката!

Фото: Инстаграм принтскрин/Ива Спасовска

To top