Колумбиската трансродова манекенка Дана Султана, која е родена како маж и се идентификува како жена, сподели фотографија на социјалните мрежи со својот сопруг Естебан Ландрау, кој е роден како жена и е во осмиот месец од бременоста.
„Љубовта е љубов“, ја почна Дана својата исповед на „Инстаграм“, каде што ја следат 219.000 луѓе.
Тие го зачнале бебето природно затоа што и двајцата ги задржале органите со кои се родени, јавуваат локалните медиуми.
View this post on Instagram
Естебан неодамна мислел дека има породилни болки и ќе роди бебе порано од планираното, но во болница го убедиле дека неговите симптоми се сосема нормални.
Тие исто така објавија дека ќе станат родители на момче, кое ќе го наречат Ариел.
View this post on Instagram
„Ова е прекрасно, им давате надеж на илјадници трансродови луѓе“, им напишал еден од нивните многубројни обожаватели.