По долгите шпекулации и нагодувања, Игор Којиќ конечно реши да се обрати и да разјасни како стојат нештата во врска со неговиот брак со Северина.
Имено, Игор на својот профил на Инстаграм објави илустрација од него и Северина во шумата, при што Милан Поповиќ, поранешниот на пејачката и татко на нејзиното дете, ѕирка од грмушките во позадина. Тој, исто така, обележа два медиуми од Србија и Хрватска и рече:
– Генерални спонзори на мојот брак, од сигурни шумски извори. Доста е ако го познаваш Бога.
Заедно со објавата, Којиќ ја додаде и песната „Намќор“ од Ѓорче Балашевиќ, со што даде до занење дека тој сè уште ја сака Северина.
Да потсетиме, во последните неколку недели, медиумите редовно пишуваа за наводната кавга меѓу Игор и Северина, тогаш се шпекулираше дали тие биле заедно во Хрватска или Србија или биле разделени.