Радио Милева „сестра по дружба“

Заедно со Тијана – Ајфон уапсена и Софија Гачиќ: Бившата девојка на Слоба Радановиќ и синот на Ѓорѓе Балашевиќ, приведена заедно со старлетата (ФОТО)

Заедно со Тијана – Ајфон уапсена и Софија Гачиќ: Бившата девојка на Слоба Радановиќ и синот на Ѓорѓе Балашевиќ, приведена заедно со старлетата (ФОТО)

Старлетата Тијана Ајфон е уапсена сношти, 27 мај 2020 год. во близина на Бјелина, кога се обиде да ја премине границата нелегално преку реката Дрина во чамец со три други девојки што ги носела наводно на забава. Старлетата е осомничена за мамење и организирана проституција.


Сите три девојки се полнолетни и живеат во Белград и тоа е она што ги поврзува, а меѓу нив е и Софија Гачиќ, која има 27 години. Таа е пријателка на Тијана – Ајфон, а двете  често се гледаат заедно по ноќните клубови и дискотеките во српската престолнина.


Таа е позната градска девојка и блиска пријателка на старлетата, а двете и често патуваат заедно, за што сведочат и фотографиите од Париз.


Откако се појави веста за апсењето, Софија Гачиќ го затворила својот профил на Инстаграм. Патем, Софија беше доведена во врска со Слободан Слоба Радановиќ, откако беше снимена како излегува од неговиот стан заедно со него.


Освен Слоба, Софија беше во врска и со Алекса Балашевиќ, синот на музичката легенда Ѓорѓе Балашевиќ, за што таа ќе посочи дека тој е нејзината најдолга врска.

 

Фото: Инстаграм Тица Максимовиќ принтскрин/ Информер – Дејан Живанчевиќ

To top