Радио Милева „диви мачки“...

Марјана Станојковска и Ким Кардашијан носат исти гаќички и градник: Животинскиот принт е во мода, за секоја пригода! (ФОТО)

Марјана Станојковска и Ким Кардашијан носат исти гаќички и градник: Животинскиот принт е во мода, за секоја пригода! (ФОТО)

Нашата лото девојка, ТВ водителка и  инфлуенсерка Марјана Станојковска важи за една од најнегуваните и најдотераните јавни лица. И кога е во медиумите, и но и приватно, Марјана е секогаш тип-топ средена, цакум-пакум стокмена од глава до петици. Шминка, фризура, соодветна гардероба и обувки, и сето тоа речиси секогаш по последна мода.

А модните трендови течат и го диктираат стилот на живот дури и за врема на корона пандемијата, па она што ова лето е актуелно, очигледно е гардеробата со имитација на животинско крзно или таканаречениот „енимал принт“.  Тигри, леопарди, зебри, жирафи… и какви ти не отисоци на животинска кожа можеме да видиме отпечатени на текстилот од кој се изработуваат најновите модни парчиња.

Нашата водителка, како едно од одние девојчиња кое е „лудо“ по модните парчиња, не го заобиколи трендот, па и на нејзе се најде „енимал принтот“.

Така, додека Марјана среде корона пандемијата ги рекламираше платнените заштитни маски за повеќекратна употреба, на себе носеше фустан или поточно здолниште со леопардски принт. Бидејќи сите, особено машките, многу повеќе ги интересира, каков дизајн на долна облека носи Марјана под леопардот, ние со нејзина помош, секако веднаш ќе ви одгатнеме:   Ист како оној на Ким Кардашијан! Или поточно, одново леопард принт!

Имено, нашата лото девојка и најпознатата светска старлета очигледно имаат ист вкус и сенс за мода! Марјана тргна да се подготвува за летото, па „животинскиот принт“ на своите бикини овој пат одбра да и биде – леопардски отпечаток. Притоа прашувајќи, кој е вашиот омилен „животински принт“?

Дека модните вкусови им се поклопуваат, покажаа последните фотографии на двете русокоси: И Марјана и Кардашијан во идентични гаќички и градник, или поточно бикини кај едната, гаќички и топ кај другата!

Животински принт со леопардски отпечаток… За на плажа или за во теретана, сеедно… Важно е да е ултрамодерно! И да ти стои како на една од нив двете! Како на вистинска „дива мачка“!

To top