Контроверзната фолк пејачка Јелена Карлеуша (41) е позната по бројни скандали, но никој не очекуваше дека заради неа, познатиот турски актер Акин Акинозу (29) ќе има проблеми со својата свршеница Сандра, која го „фатила“ како постојано гледа фотографиите на Карлеуша и снимки од нејзините настапи.
Таа од лутина му рекла дека повеќе не сака ни да го слушне ни да го види.
„Акин и Сандра требаше да стапат во брак, но се чини дека нема да има ништо од тоа“ – изјавил извор близок на сега веќе бившата двојка и додал:
„Тој не „симнува“ од Инстаграм профилот на Карлеуша. Веднаш и стана јасно на Сандра дека нејзиниот вереник ‘ја изгубил главата’ по српската пејачка. Сандра беше многу изнервирана кога сфати дека нејзиниот иден сопруг е „луд“ за пејачката. Таа дури и си ги спакува нејзините работи и го напушти нивниот стан“ – додал изворот.
View this post on Instagram
Патем, Акин исто така ја видел Јелена во живо, затоа што честопати доаѓала во Турција кога нејзиниот сопруг играл за фудбалскиот клуб „Бешикташ“.
„Таа дури им пееше кога победуваа. Така што сите што се познати во Истанбул ја знаат Карлеуша, а и нејзините настапи се емитуваа на сите телевизии. Тогаш, Акин забележал каква ‘ри * етина’ е јелена. И сега кога слушна дека можеби Душко повторно ќе игра за некој турски клуб, тој тотално „полуде“. Затоа и ‘кисне’ на профилот на Јелена, за да се потсети колку е секси и убава, а пред сè посебна“ – резимирал изворот.