Радио Милева

Со музика против корона: Овие две македонски пејачки среде вонредна влегоа во студио да создадат ново музичко дело

Со музика против корона: Овие две македонски пејачки среде вонредна влегоа во студио да создадат ново музичко дело

Поради короната и вонредната состојба во регионот и светот, концертите и настапите на естрадните уметници се на „пауза“, а со тоа се паузирани и нивните музички кариера.

Повеќето од нив ги откажаа турнеите во регионот и светот, останаа во своите домови.

Некои од нив и најдоа алтернативно решение односно држеа онлајн концерти од своите домови.

Сега кога попуштија мерките македонските пејачки одлучија да влезат во студио и започнат со подготвување на ново парче музика.

Имено, Maрија од „Ај кју“ во кусите приказни на „Инстаграм“ објави дека неколку дена е во студио каде ја подготвува новата песна која љубителите на нејзината музика ќе имаат наскоро да ја слушнат.

фото: Инстаграм
фото: Инстаграм
фото: Инстаграм

И Тамара Тодевска по евровизиската „Proud“ и „Monsters“ и дуетот со Роберт Билбилов, повторно за нејзините фанови од Македонија, регионот и светот подготвува ново музичко дело наречно „Risе“.

фото: Инстаграм

Останува да почекаме и да слушнеме како ќе звучат новите песни на пејачките.

To top