Радио Милева повлечена од јавноста...

Запознајте ја Александра, ќерката на Саша Поповиќ (ФОТО+ВИДЕО)

Запознајте ја Александра, ќерката на Саша Поповиќ (ФОТО+ВИДЕО)

Александра Поповиќ, ќерката на Саша Поповиќ, воопшто не ја интересираат славата и шоу-бизнисот. Таа дури и не се појавува често со своите родители на настани и како што вели нејзиниот познат татко, „живее убав приватен живот“.

Колку  се разликува од мнозинството, докажува фактот дека таа не сакала да го прослави своето полнолетство гламурозно, со премногу луѓе, за што Саша еднаш и  јавно зборуваше.

„Ја прашав дали сака поголема прослава, но таа сакаше да го одбележи денот на полнолетството само со неколку нејзини пријатели и семејството. Го прославивме 18-тиот роденден многу убаво,  тивко, без никаква помпа. Не пуши, не пие, не зема лекови и не носи пирсинг. Дури и ретко излегува навечер“ – рече тогаш Саша.

Патем, Поповиќ го прифатил и синот на Сузана од првиот брак, Данијел, како негово дете. Студиите ги завршил на режија на звук во Словенија и со години работи во „Гранд“. Поповиќ и Сузана се презадоволни од фактот што децата сакаат да останат во Србија и што изразија желба еден ден да живеат близу нив на Бежаниска коса.

Колку  не ја интересира популарноста, покажува и фактот дека Александра не се појавува никаде со нејзините родители, а има само неколку фотографии од неа во медиумите.

„Нашата ќерка Александра е прекрасна девојка која завршува на ИТ академијата, ја има својата најдобра пријателка Каќа и убав приватен живот, за кој секогаш вели дека сака да остане така“ – рече Поповиќ во една прилика, а вие погледнете го едно од ретките видеа каде е снимена ќерката на Саша Поповиќ, што го направи екипата на „Папарацо лов“ во Белград.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=266&v=METBiFDpBsQ&feature=emb_logo

To top