Анабела Атијас сношти на полноќ почна да плаче затоа што е роденден на нејзината помала ќерка Бланкица Атијас.
Пејачката целата ноќ ја помина во кревет бидејќи беше тажна затоа што на овој ден нема да биде со својата ќерка.
Она што Анабела не очекуваше е дека Големиот шеф ќе ја изненади со посета на нејзината ќерка.
Дрвото на мудроста ја повика Анабела и започна да разговараат за Бланкица, а потоа ја извести дека прославата на роденденот ќе биде во Шиша бар.
Анабела се упати кон Шиша бар не знаејќи дека таму се наоѓа Бланкица.
Анабела со солзи ја дочека својата ќерка, сестра на Луна, па заедно ја запејаа песната „Ако те питају“ од Петар Грашо.
„Љубов моја, ова брзо ќе заврши и никогаш повеќе нема да се разделиме“ вели Анабела.
„Ова ти го прати татко ми и ми кажа да ти се заблагодарам што си ме родила“ порача Бланкица која на својата мајка и даде цвеќе.
„Многу те сакам и многу ми недостигаше“ изјави Луна.
„Лута ли си ми?“, Луна ја праша Бланкица.
„Лута сум, но ќе ти простиме“, одговори Бланкица.
„Бланкица јас те сакам најмногу на свет, и тебе и Ника. Немој да се лутиш. Те молам, прости ми, ти си мој ангел“, молеше Ѓогани.
„Ќе ти простам“ одговори Бланкица.
„Нина ми кажа да ве поздравам, тажна е кога се расправате“ порача Бланкица.